Крвава тепачка во скопска сендвичара

Две групи малолетници, ученици во средното училиште „Методија Митевски Брицо“, вчера физички се пресметале во сендвичарата „Пит Стоп“ лоцирана на улицата „50-та Дивизија“ во Скопје.

Според информациите од полицијата, додека 16 годишниците Д.Ц., Д.Т., И.Н., М.Н. и В.А. си седеле во сендвичарата, дошла уште една група ученици, коja ги нападнала малолетниците со инвентар од сендвичарата.

Сендвичарата претрпела поголема штета, а учесниците во тепачката Н.В.(17), К.А.(16), А.Е.(15),  О.В.(18), С.А.(18), Д.Ц.(16), В.А.(16), И.Н.(16) и М.Н.(16) биле приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

04.02.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега