Расте бројот на заболени од рак во светот
Светската здравствена организација предупреди дека глобалниот процент на заболени од рак достигнал алармантно ниво.
Според најновото истражување на светската здравствена организација направено во 2013 година глобалниот процент на заболени од рак достигнал алармантно ниво, односно бројот на заболени лица достигнал 14 милиони годишно.
СЗО предупредува дека во наредните две декади возможно е да порасне и на 22 милиони. Пристапот до лекови, сепак ќе ја намали смртноста од оваа болест.
Процентот на заболени од рак е поголем во земјите во развој како што се Африка, Азија и во Централна и Јужна Америка.
СЗО соопшти дека трошоците за лекување на оваа болест ќе ги погодат дури и најбогатите земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа