Гоце Делчев се кандидираше за градоначалник на скопска Гази Баба

 

Гоце Делечв е кандидатот на Социјалдемократската унија за прв човек во општина Гази Баба. Делчев за Вест вели дека неговите родители му го дале името бидејќи неговиот прадедо бил побратим со познатиот македонски ревлуционер. 43 годишниот скопјанец како што пишува Вест има завршено Воена академија во Белград а во моментов работи како граничен инспектор во МВР. 

Вели дека не му е прв пат да влезе во изборна трка. Два пати се пробал на парламентарни избори како кандидат на ТМОРО-ВЕП и пред четири години се обидел да стане и советник во Град Скопје. 
Вели дека намерата му е да ги спаси жителите на Гази Баба од калливи улици и да им ги реши урбаниситчките проблеми

 

најчитано сега