Се пролеа крв на скопските улици: 19 сообраќајки и седуммина повредени за само еден ден

Во текот на изминатото деноноќие на скопските улици се случиле вкупно 19 сообраќајни незгоди.

13 од несреќите се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на моторно возило и двајца пешаци. Се случиле и три незгоди со последица тешки телесни повреди во кои повредени биле двајца пешаци и еден возач на патничко моторно возило.

На скопските улици се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

 

 

04.02.2014 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа