Деветтата симфонија на Бетовен ќе го отвори Скопско Лето 2013
Со Деветтата симфонија на Бетовен на 21 јуни во Македонската опера и балет свечено ќе биде отворено 34. издание на „Скопско лето“.
Диригент на овогодинешното Скопско лето ќе биде Шунго Моријама, а ќе настапат хористите и оркестарот од МОБ. Учество ќе земат и уметници од Јапонија.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти Евица Тасевска од МОБ. Тасевска хорските уметници од Јапонија ги најави како експерти за изведба на Бетовен и Деветтата симфонија. Информира дека диригентот Моријама досега соработувал со уметнички ансамбли од Софија, на Балканот и во светот.
Инаку, годинава културните настани ќе се одржуваат на повеќе од 20 локации, ќе има изложби на фотографии, концерти, театарски претстави, музички настани, промоции на книги, кафе-кино и многу гости од соседството.