Познати групите за СП во кошарка Шпанија 2014

Вечерва во Барселона беа одредени групите за 17-то Светско кошаркарско првенство чиј домаќин претстојново лето ќе биде Шпанија.

Во првата фаза од шампионатот 24-те репрезентации ќе бидат поделени во четири групи, од кои четирите првопласирани ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

Група А: Шпанија, Франција, Србија, Бразил, Египет и Иран.

Група Б: Аргентина, Хрватска, Грција, Порторико, Сенегал и Филипини.

Група Ц: САД, Финска, Турција, Украина, Доминиканска Република и Нови Зеланд.

Група Д: Литванија, Словенија, Ангола, Австралија, Мексико и Кореја.

Првенството кое ќе започне на 30 август ќе се одржува во шест града: Билбао, Гранада, Севиља, Лас Палмас, Барселона и Мадрид каде на 14 септември ќе се играат и натпреварите за медал, односно третото место и големото финале.

Титулата светски првак ќе ја брани селекцијата на САД.

03.02.2014 - 20:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега