Ги застрелале од два до три метри - детали за убиените украински демонстранти
Демонстрантите кои беа убиени на 22 јануари во центартот на Киев биле застрелани од растојание од два до три метри, изјави денеска Јуриј Татков од украинското Министерство за внатрешни работи.
Тој наведе дека експертизата покажала оти врз нив било стрелано од растојание приближно два до три метри, за што доказ се трагите од барут на облеката на жртвите.
- Утврдено е и дека истрелите биле одозгора надолу под голем агол, но досега не е одредено точното место, наведе Татков, при тоа апелирајќи до медиумите и граѓаните да споделат информации кои би довеле до расветлување на убиствата.
Опозицијата за смртта на три лица ги обвинува властите, но Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата не располага со куршуми, со какви што се убиени двајца од демонстрантите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа