ОНА во 2001 година планирала виетнамски напад врз Скопје
Нeкогашниот американски офицер, Ентони Тејта, кој што е поврзан со евакуацијата на припадниците на ОНА по опседнатото Арачиново во 2001 година, во интервју за весникот Дневник вели дека тие имале план да го нападнат главниот град во Тет-офанзива, која наликувала на онаа во Виетнам.
Денеска дванаесет и пол години подоцна тој е задолжен како секретар за транспорт на Северна Каролина, една од најголемите американски сојузни држави.
Ентони кој и до ден денеска му се обраќаат со генерал и секретар за настаните во 2001 година изјави -
- Тие почнаа да се закануваат со напади врз главниот град, велејќи дека тоа ќе биде своевидна Тет-офанзива, налик на таа во Виетнам. Претседателот на Македонија н` замоли да влеземе во Арачиново, по што јас добив команда од генерал Ралстон, врховниот командант на НАТО. Внатре имаше класична воена сцена, со урнати згради, ракети забиени во земјата како пикада, мртви животни, ранети герилци. Јас влегов со камиони, автобуси и со медицински екипи. Побаравме од герилците да се постројат, се сретнав со нивниот командант Хоџа, низок човек со брада. Го вперив прстот во него, му реков дека немам овластување да ги разоружам неговите луѓе, но ќе мораат да ги испразнат оружјата пред да се качат во моите возила. Му реков да им нареди на своите луѓе да се стават под моја команда - вели Тејта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа