ДИК го утврди календарот за претседателските избори - кампањата почнува од 24. март

Државната изборна комисија го усвои роковникот за извршување на изборните дејствија за претседателски избори, кои ќе се оддржат на 13. април годинава.

Според роковникот кој го усвои ДИК, сите предизборни активности треба да завршат за 71 ден. Кандидатите за претседател на Република Македонија, треба да ги достават своите кандидатури најдоцна 30 дена пред изборите, или до 13. Март. Предизборната кампања ќе стартува на 24. март и ќе трае до 11. април.

Според роковникот, независните кандидати ќе можат да собираат потписи за да влезат во претседателската трка од 17. февруари и процедурата за собирање потписи ќе трае 15 дена. Ќе можат да се кандидираат оние кандидати кои ќе добијат поддршка од 10.000 граѓани или 30 пратеници.

За прв пат на претседателски избори, право на глас ќе има и дијаспората. Ќе можат да гласаат сите македонски државјани кои надвор од Македонија живеат минимум три месеци. 

Првиот човек на ДИК, Никола Рилковски очекува да бидат испочитувани сите рокови, како и одредбите од Изборниот Законик. Тој најавува санкции за оние кои нема да ги почитуваат одредбите.

 

 

03.02.2014 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега