Милионска кражба во куќа во Ѓорче Петров

Засега непознат крадец ја ограбил куќата на скопјанецот М.М., лоцирана на улицата „4-ти Јули“ во Скопје.

Според информациите од полицијата, кражбата се случила во петокот,кога крадецот преку отворен прозорец влегол во куќата на скопјанецот и оттаму одзел 10.000 евра,  златен накит, две ловни пушки, пумпарица, пиштол, лап топ компјутер, се со вкупна вредност од околу 1.845.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

 

03.02.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега