„Мерцедес“ прегази пет млади скопјани и удри во два автомобили - десетгодишно детенце го извлече најдебелиот крај

Десетгодишно детенце од Скопје заработило скршеница на левата потколеница, а уште четири лица се полесно повредени, во несреќа која се случчила вчера попладне на патот Тетово-Попова Шапка.

СПоред информациите од тетовската полиција, вчера околу 15 часот на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка во петмината удрило патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблички, зад чиј волан бил 26 годишениот скопјанец Г.С.

„Мерцедесот“ се движел од Попова Шапка кон Тетово кога  удрил во петмината пешаци Б.Б (10 ), А.В(20), А.В(36), И.В(38) и Х.В(15), сите од Скопје. Потоа „Мерцедесот“ се забил и во паркиран „Цитроен“ кој се придвижил иудрил во исто така паркиран „Опел вектра“. И двете паркирани возила биле со скопски регистерски таблички.

- Во несреќата, 10-годишниот пешак се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева подколеница) и по укажана помош во тетовската клиничка болница пренесен е на скопските клиники, додека другите четворица пешаци со телесни повреди пуштени се на домашно лекување. Вкупната материјална штета се проценува на околу 40 илјади денари. По овластување на јавен обвинител извршен е комплетен увид и се преземаат активности за целосно расветлување на сите поединости во врска со причините и се друго околу сообраќајката, вели за МИА, портпаролот на СВР ТЕтово, Марјан Јосифовски. 

03.02.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега