Каракамишева: Конзистентен став за СДСМ е мисловна именка

 

 

Професор д-р Тања Каракамишева-Јовановска, во изјава за Курир вели дека за партијата на Зоран Заев поимот утврден став е мисловна именка.

- Ретерирањето во политичките одлуки и движењето од една во друга крајност се клучни елементи и своевидни обележја на владеењето на СДСМ веќе подолг временски период.  Кај оваа партија поимот политичка конзистентност, како и утврден став за одредено прашање се мисловни именки. Оттука, воопшто не треба да не зачудува фактот дека и по однос на прашањето за предвремени парламентарни избори, кои патем речено се дел од мартовскиот договор за кој тие беа најгласни, имаат контрадикторни ставови и размислувања, вели професорката.

Во изјавата за Курир, таа истакнува дека СДСМ стана заложник на сопствената политичка кујна.

-Се чини дека СДСМ стана заложник на сопствената политичка кујна чиј што главен готвач од позадина ги измеша рецептите и сега мака мачи како да го среди тој хаос и како да ги врати работите во колосек кој ќе биде прифатен како нормален. Политичката дезориентираност во СДСМ е веќе толку очигледна што главните политички актери во таа партија ќе мораат час поскоро и многу сериозно да се зафатат кон нејзина санација, а во интерес, пред се, на македонската демократија, истакна Каракамишева-Јовановска за Курир.   

СДСМ во февруари 2013 година играше “победничко оро“ за исполнување на нивната желба, предвремени избори, а сега, во февруари 2014 година бега како ѓавол од темјан кога станува се поизвесно одржувањето на тие предвремени избори кои социјалдемократите толку ги посакуваа, заедно со претседателските избори, впрочем како и што самите бараа.

03.02.2014 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега