Реконструкцијата на поликлиниката Букурешт ќе заврши за пет месеци

Целосната реконструкција на поликлиниката Букурешт треба да заврши во период од пет месеци, најави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.

-Реконструкцијата ќе ја опфати целата поликлиника, целиот договор е 24 милиони денари и очекуваме да заврши во период од пет месеци, рече Тодоров при посетата на поликлиниката.

Тој потенцираше дека за време на реконструкцијата, поликлиниката ќе функционира најнормално.

Ова е прва темелна реконструкција на поликлиниката, која во јули оваа година ќе одбележи 50-годишен јубилеј.

Македонскиот премиер Никола Груевски вчера ја најави реконструкцијата на поликлиниката, која освен што пред неколку години доби нови прозорци, и се интервенираше во санитарните јазли и тоалетите, досега нема претрпено некоја поголема реконструкција.

Според Груевски, оваа реконструкција е многу значајна бидејќи поликлиниката Букурешт прима најголем број пациенти годишно.

03.02.2014 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега