Ермира Мехмети проговори за наводната врска со македонски министер

 

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети проговори за изнесените лаги за наводната врска со македонски министер. Та во текст во весникот Коха насловен како „Ви благодарам“ пишува дека лажните информации биле користени од албанската опозиција за политчки профит.

Таа вели дека и покрај тоа што новинарот кој ја објавил оваа информација јавно се извинил и признал дека лажел, кон неа не запреле нападите од претставниците на соперничката партија. 

Таа вели дка постојано е цел на напад и на социјалните мрежи каде секојдневно добивала пораки со навредлива содржина. Мехмети вели дека е зачудена колку жената Албанка може да навредува. Таа вели дека во пцовките, некои Албанки ги засенувале и мажите. 

„Мизерни се и новинарите кои што го објавиле лагите но и нивните ментори кои на овој начин сакаат да профитираат политички“ заврши Мехмети заблагоарувајќи се на сите што ја поддржувале и поддржуваат.

Реакцијата на Мехмети следи по објавата на некои медиуми дека е во врска со македонски министер. Дел од медиумите кои ја обајвија оваа дезинормација се извинија.

03.02.2014 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега