Пума ја изненадила додека таа правела појадок
Една Чилеанка многу се изненадила кога во својата кујна затекнала пума.
Амалин Адад од Сантајго подготвувала појадок во моментот кога ја забележала големата мачка.
“Подготвував појадок, кога го здогледав животното, мислев дека тоа е куче затоа што прво видов само нозе, но тоа била пума. Вистинска пума, како оние од Зоолошка градина”, вели Амалин.
Таа се искраде од кујната, фотографирала и ја заклучила пумата внатре и по телефон ја повикала државната служба за земјоделство и животни (SAG).
Нејзиниот син Николас Селма рече дека спиел на собата на катот кога го разбудило гласот на неговата мајка Амалин како вика „Пума!“.
"Се симнав и навистина видов дека имаме пума затворена во кујната", изјави Селма.
Пумата не нападнала ниеден од нив двајца, а ни нивното куче, но затоа уништила некои делови од мебелот и ролетните.
Кога стигнале експертите од SAG, пумата и на нив им задала проблеми. Тие го гаѓале животните со стрелички за успивање, но таа неколку пати успеа да ги истресе од себе.
После некое време тие конечно успеале да го успијат животното и да ја изнесат од кујната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа