Украинската опозиција потплатила Грузиец да пали автомобили

Во соопштението објавено на интернет страницата на украинското министерство за внатрешни работи стои дека притворениот грузиски државјанин осомничен за потпалување автомобили во текот на протестите во Киев на испрашувањето во полицијата изјавил дека за тоа му било платено од страна на опозициските демонстранти коишто го заземаа Домот на синдикатите во центарот на украинската престолнина.

Осомничениот демонстрант тврди дека, додека барал работа во главниот град тој се сретнал со човек кон му понудил да заработи со потпалување ветувајќи му 600 хривни (околу 52 евра). За извршувањето на овој договор, двајцата мажи заминале во Домот на синдикатите, на петтиот кат, каде што биле пречекани од маскирани мажи. Последните му предале список со автомобили кои треба да бидат запалени, пари и бензин".

Претходно беше објавено дека во текот на неколкуте изминати денови во Киев беа запалени повеќе од 20 автомобили. Ноќта кон саботата полицијата соопшти дека уапсила 26-годишен државјанин на Грузија во една од киевските населби кога со уште еден маж се обидувал да запали автомобил..

Според полицијата еден од запалените автомобили припаѓал на член на семејство на судија кој бил во предмети против притворените демонстранти.

03.02.2014 - 10:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега