Полицијата направи “парче“ на скопските улици

Вкупно 165 возачи викендов биле уловени и казнети поради непочитување на сообраќајните правила. Специјалното возило „пајак“, пак, собрало 118 возила кои го попречувале сообраќајот.

Сообраќајната полиција во текот на овие три дена казнила 20 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и 120 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината. 36 од нив се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место.

СПоред информациите од полицијата, казни заработиле и пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 20 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.

Со специјалното возило „пајак“ биле 118 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Аврам Бисевски“ и во ОУ „Петар Арсов“ кои се наоѓаат на територијата на општина Карпош.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

03.02.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега