Цеца: По смртта на Аркан секој ден живеам со болка
Фолк-ѕвездата Светлана Ражнатовиќ Цеца за Стори.рс вели дека некои рани никогаш не зараснуваат, само човек се учи да живее со нив. Пејачката си ја отвара душата и зборува за својот живот по починувањето на нејзиниот сопруг Аркан, и одгледувањето на нејзините деца, Анастасија и Вељко.
- Среќна сум што е Вељко заљубен, навистина, но и пред него и пред неговата сакана е прво училиштето. Родени се 1996 што значи се уште се во средно училиште. Тоа е поважно од се, вели пејачката и додава дека прстенот кој Вељко и го подарил на девојката е прекрасен, но дали се верени или не не би коментирала, бидејќи тоа си е помеѓу нив.
Цеца се осврна и на смртта на Аркан, со оглед на тоа дека неодамна беа одбележани 14 години од неговата смрт.
- Ми се чини како да беше вчера. Некои рани никогаш не зараснуваа, само се учиме да живееме со нив. Со сопругот имавме се. Сега сум благодарна што имам две прекрасни деца кои секојпат кога ќе ги погледнам се сеќавам на нашата голема љубов. Сакав заедно да ги израснеме децата, но судбината сакала поинаку, вели пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа