ЕУ и САД ќе и понудат финансиска помош на Украина

Кетрин Ештон, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност изјави дека Европската Унија и САД работат на план за значителна кусорочна финансиска помош за Украина.

Во интервју весникот „Волстрит журнал“ за време на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен, таа истакна дека целта на пакетот е да и помогне на Украина да помине низ преодниот период, за време на кој времената Влада би можела да одобри политички и економски реформи и да направи подготовка за претседателските избори, кои би требало да се одржат идната година.

Ештон вели дека се уште не е решено колкав ќе биде износот на предложениот пакет со финансиска помош на ЕУ и САД, но истакна дека „сумата нема да биде мала“.

03.02.2014 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега