Земјотрес со јачина 4,3 степени ја погоди Романија

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во романската област Вранча.

Националниот институт за геофизика  соопшти дека земјотресот е регистриран околу два часот по полноќ по локално време, на длабочина од 134 километри.

Од почетокот на годината во Вранча се регистрирани околу 20 земјотреси со интензитет меѓу 2,5 и 4,4 степени, а најсилниот беше регистиран на 23 јануари и имаше јачина од 4,7 степени.

03.02.2014 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега