Наутро магла потоа сонце - утре температурите до 10 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Изутрина по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до десет степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура од  два и дневната до седум степени.

02.02.2014 - 15:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега