ФОТО: Нема да ви се верува што забележало ова момче додека лизгало по замрзнато езеро!

 

Дваесет и шест годишниот Џефер Сандстром решил  да се лизга на езерото Јонкопинг во Шведска, но таму забележал неверојатна глетка.

Лизгајќи по езерото забележал дека нешто  наѕира над површината на мразот, а кога се приближил, сфатил дека гледа во сосема замрзната лисица, заробена во замрзнатото езеро.

„Температурите беа под нулата неколку дена еден по друг, па помислив дека мразот е доволно тврд за лизгање“ – рекол Сандстром за локален весник, и додал дека мразот всушност има дебелина од околу 5-6 сантиметри.

Прво го забележал тенкииот мраз, а потоа и замрзнатото животно.

Никогаш не сум видел ништо слично на ова“ – рекол Сандстром, кој сфатил дека веројатно паднала преку мразот и завршила во ледената вода, а така завршил нејзиниот живот. 

02.02.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега