Три автомобили се искршија, едно лице го загуби животот - детали за сообраќајката кај Мавровка

На раскрсницата од булеварот Крсте Мисирков со булеварот Гоце Делчев, синоќа  се случила страотна сообраќајна незгода во која се искршиле три возила.

Според податоците од полицијата, се судриле автомобил марка „Југо Скала 101“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 33-годишниот Блаже И. од Илинден, „Голф“ со скопски ознаки, управуван од 52-годишниот Ј.Џ. од Студеничани и „Фолксваген Пасат“ со скопски регитерски ознаки, управуван од страна на 20-годишниот Ф.М. од Скопје.

За жал, во сообраќајната несреќа со тешки повреди се здобил возачот на Југото кој го загубил животот и покрај укажаната лекарска помош. Во незгодата со тешки повреди се здобиле и сопатниците на Југото, 20-годишната И.С. од Илинден, 66-годишниот И.Ц. и 27-годишниот Б.Б. кои се задржани на лекување.

Со повреди се здобиле и сопатниците на Фолксваген Пасатот“, 19-годишниот Е.Ф. 22-годишниот С.И. од Скопје и 24-годишниот А.О. од Турција, сопатници во „Голфот“, на кои им е укажана лекарска помош во ГОБ-Св.Наум Охридски.

 

02.02.2014 - 14:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега