Им побарал помош а тие го ограбиле - маж од Полска ќе го памети доаѓањето во Скопје
Во непосредна близина на Плоштад „Македонија“ две засега непознати лица го ограбиле 25-годишниот полски државјанин М.С. и му одзеле паричник во кој имало лична карта издадена од Полска на негово име, кредитна картичка од Англиска банка „Барклејс“, картичка за осигурување од Англија и околу 7.000 денари во разни апоени.
Откако оштетениот ги пресретнал за да ги праша каде може да најде такси, бидејќи е прв пат во земјава и е од Полска, едното од лицата со рацете го фатило за телото и почнало да го турка и сопнува на земја, а откако успеал да го турне го држел со рацете за да не мрда, додека другото лице почнало да го претресува и од задниот џеб од фармерките му го одзел паричникот, а потоа со трчање се упатиле во непознат правец.
Полицијата трага по сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа