Им приоѓал од зад грб и им ги крадел чантите - фатен разбојник од скопска Кисела Вода
Министерството за внатрешни работи до надлежното ОЈО Скопје го предаде 23-годишниот скопјанец М.Ѓ. кој сторил тешка кражба.
Пријавениот пред четири дена околу 15 часот напладне, на улица во населба Кисела Вода, од женско лице насилно од зад грб ја грабнал чантата во која имало два мобилни телефони и лични документи. Потоа, наредните неколку денови на улица во населбата Кисела Вода, повторно и се приближил од зад грб на некоја девојка и и се заканил со нож кој и го ставил под грлото.
Момчето ја клекнало девојката, со сила и ја одзело чантата во која имало пари, мобилен телефон и лични документи, па избегал, но за среќа бил забележан и совладан од случајни минувачи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа