"Ме однесе на поткровјето и ме силуваше" - ќерката на холивудски режисер тврди дека била силувана

 

Ќерката на Вуди Ален, Дилан Фароу, јавно го обвини американскиот режисер за сексуално злоставување. Таа тврди дека кога имала седум години преживеала вистински хорор.

-Ме зема во раце и ме однесе во поткровјето. Ми кажа да легнам на стомак и да си играл со електричниот воз на мојот брат. Тогш сексуално ме злоставуваше. Додека го правеше тоа ми викаше дека сум добро девојче и дека тоа треба да остане наша тајна. Ми ветуваше дека ќе одам во Париз и дека ќе бидат ѕвезда во неговиот филм, напишала Дилан.

Девојката тврди и дека Ален правел работи кои не и се допаѓале, како што се ставање на палецот во нејзината уста, приморување да легнат заедно во кревет и ставање на главата на нејзиното тело додека била гола.

Откако и кажала на мајак си за настанот, таа решила да го остави режисерот.

 

 

02.02.2014 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега