Ќе се формира нова Влада во Украина?
Премиерот Сергеј Арбузов соопшти дека во најскоро време во Украина може да биде назначен нов кабинет.
- Ваков чекор ќе биде правиле, бидејќи ќе донесе сигурност кај граѓаните и инвеститорите, а нам ни требаат инвеститори, рече тој.
На 28 јануари, претседателот Виктор Јануковиќ ја профати оставката на премиерот Микола Азаров и на владата, која продолжува да си ги извршува обврските. Според уставот, таквата ситуација може да трае до 60 денови.
Арбузов посочи дека економските показатели не најавуваат дестабилизација на валутата. Тој дополни дека за подобрување на економската и финансиската ситуација треба да се скуси рокот за носење решение за нова влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа