Продолжува драмата во Србија: Превртен шлепер зароби уште 50 возила

Сите патници кои беа блокирани од снежните наноси на автопатот кај Фикетиќ, Војводина се евакуирани во текот на ноќта. Сега се одвива нова драма откако бугарски шлепер и покрај забраната влегол на локалниот пат Бачка Топола - Суботица, се превртел и направи застој, по што 100 возила се заробени, јавува Танјуг.

 

Бугарскиот шлепер се превртел синоќа во доцните часови на патот М22 Бачка Топола - Суботица и направи застој и во колоната има уште педесетина возила.

 

40 возила останале на автопатот Нови Сад - Суботица кај Фикетиќ.

 

02.02.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега