Фелипе Маса: Се молам за мојот пријател и брат Шумахер

 

Возачот на Формула 1, Фелипе Маса, изјави дека се моли за својот пријател Микаил Шумахер, кој повеќе од месец се наоѓа во вештачка кома.

- Шумахер е мојот пријател и ми е како постар брат. Добро е што лекарите пробуваат да го разбудат од кома. Несреќен сум поради се што му се случи. Секој ден му се молам на Бога за него, вели Фелипе.

Инаку, и самиот Маса беше во кома во 2009 година, по несреќа која му се случи за време на трките, а вели дека му помогнало тоа што е физички јак.

- И Шумахер е физички јак, тој е атлета, секогаш храбар и во топ-форма. Верувам дека тоа ќе го спаси, вели неговиот пријател.

За потсетување, Шумахер веќе повеќе од еден месец е во кома откако доживеа несреќа за време на скијањето на француските Алпи. Беше опериран два пати, а му е отстранет половина череп. Пред неколку денови ги отвори очите за прв пат, но само накратко, а лекарите велат дека е рано да се прогнозира, но сепак тоа е добар знак.

02.02.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега