"Косово не екстрадира свои државјани" - Монструм заглави во правните пречки за екстрадиција

 

Косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи, за SETimes вели дека косовското судство се занимава со двајцата обвинети во "Монструм", Али Демири и Африм Исмаиловиќ, но, дека од екстрадиција може да ги поштеди нивното двојно државјанство.

-Косово не ги екстрадира своите државјани. Двете лица за кои станува збор се косовски државјани (покрај тоа што имаат македонско државјанство), вели Кучи за SETimes.

Демири и Исмаиловиќ се обвинети за директно извршување на петкратното убиство кај Смилковци во април минатата година. Тие во моментов се во Косово, но, иако официјално е побарана нивна екстрадиција, косовските власти сеуште не одговориле. 

Демири и Исмаиловиќ се товарат и за нелегално поседување оружје кое беше пронајдено кај нив при апсењето во Косово.

Судот во Приштина нема временски лимит да ја донесе одлуката за двајцата обвинети.

Извор: SETimes

најчитано сега