„ЧЕЗ“ покрена меѓународна арбитража против Албанија

 

Чешката енергетска компанија „ЧЕЗ“, денеска на својата Интернет страница објави дека официјално покренала меѓународна арбитража против Албанија, јави дописникот на МИА од Прага.

Компанијата ја информирала албанската страна за одлуката да поднесе тужба до Меѓународниот арбитражен суд и да побара оштета за штетите предизвикани од „незаштитената инвестиција“ во албанската компанија на „ЧЕЗ“.

Според комисијата, „ЧЕЗ“ не ги исполнила обврските од договорот што се однесуваат на увозот на струја и на инвестиции во модернизацијата на албанскиот електроенергетски систем и најави побарување за отштета.

- Според портпаролката на чешката електродистрибуција, Барбора Пулпинова сумата која се бара како надомест на посочената штете се уште не е наведена, но и дека тужбата не ја исклучува можноста за евентуална вонсудска спогодба.

Претходно, се зборуваше дека повеќе албански фирми и домаќинства имаат огромни стомилионски долгови кон чешката компанија, но ситуацијата се влоши кога „ЧЕЗ“ започна со исклучување на локалните водоводи од електричната мрежа, кои користеле струја на „црно“. 

најчитано сега