Хаос на Бихаќка - СДСМ „удри“ и по Жерновски

 

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска на прес-конференција излезе со тврдења дека фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ Скопје, со која според него управувала сопругата на братот на Драган Павловиќ- Латас, добила милионски тендери.

Според информациите до кои ги објави Курир, сопственик на фирмата која ја споменува портпаролот на СДСМ не е ниту братот на уредникот на телевизија Сител, ниту пак неговата снаа. Сопругата на братот на Латас е само управител на фирмата, што може да биде и секој кој е вработен во компанијата.

Според нашите информации, фирмата работи веќе 15 години и досега добивала бројни јавни набавки во изминатите години благодарение на најповолната понуда.

Оваа фирма, за која што сега обвинува Шилегов, моментално спроведува јавно осветлување, односно електрични инсталации за осветлување во Општина Центар, каде на власт е СДСМ на чело со Андреј Жерновски, факт кој секако Шилегов не го спомена на прес-конференцијата.

Согласно логиката на Петре Шилегов, излегува дека Драган Павловиќ – Латас работи за Андреј Жерновски и опозицијата.

Според законот за јавни набавки, било која фирма може да учествува на тендер, меѓутоа победува онаа која ќе понуди најниска цена и ќе бида избрана за најповолен понудувач.  

02.02.2014 - 00:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега