Млечните производи на „Дукат“ и „Виндија“ ќе поскапат за 4 до 5 отсто

 

 

„Дукат“ и „Виндија“ ќе ги зголемат цените на своите производи во просек од 4 до 5 отсто, поради поради зголемување на влезните трошоци, особено на цените на енергијата.

Од „Дукат“ информираат дека продажната цена ќе ја зголемат за 4 проценти, додека цената на производите на "Виндија" ќе се зголеми за 5 проценти. Сепак, крајната цена на млечните производи ќе зависи и од маржите на трговците и од условите на пазарот.

Ценовни корекции на двата млечни бренда се очекуваат и во нашата земја.

ФОТО: Курир

најчитано сега