Србија ја затрупа снег - заглавени два воза

Поради снежните наноси и силниот ветер што ги зафатија северна Србија, од ноќеска е прекинат железничкот сообраќај на пругата Белград-Нови Сад-Суботица, а затворен е и граничниот премин „Хоргош“ на српско-унгарската граница.

Заглавени стојат два меѓународни воза - композицијата што ноќеска на полноќ тргнала од Белград кон Будимпшта, како и возот кој утрово во 4:00 часот се упатил во обратен правец.

Во двата воза има околу 50 патници.

01.02.2014 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега