Чешка одлучува дали да посвојуваат деца хомосексуалните парови

 

Чешки пратеник од партијата на либералните демократи која е најмалата партија во владејачката коалиција поднесе Предлог-закон со кој на регистрираните истополови партнери им се дозволува посвојување на деца, јави дописникот на МИА од Прага.

- Во Предлог-Законот е предвидено, дека партнерот кој не е родител, може да  го посвои детето на својот истополов партнер со кого е во регистрирано партнерство, објаснува Мартина Штепанкова, еден од поддржувачите на Предлогот.

Штепанкова смета дека актуелните норми, кога маж кој склучил регистрирано партнерство не може да усвои дете, а жена која исто така живее во таква заедница со жена не смее да се подложи на вештачко оплодување е во спротивност со почитувањето на човековите права.

- Единствени, кои имаат право да поддигнуваат дете се мажот и жената, бидејќи само тие можат и да го создадат, изјави Борис Штастни, од конзервативната и најголемата владејачка партија, ОДС (Граѓанска демократска партија), за весникот „Право“.

- Ако бевме хермафродити како полжавите, ние би можеле да донесеме политичка одлука, но ние сме цицачи, рече Штастни.

- Не сум поддржувач на ова решение. Го нарушува природниот тек на нештата и тоа дека семејството треба да го сочинуваат таткото, мајката и детето, изјави Тејц.

најчитано сега