Дибиров го однесе Вардар до победа против Веспрем

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва во пријателски натпревар во СРЦ „Кале“ во Скопје успеа да го совлада шампионот на Унгарија Веспрем со 30:28 (15:14). „Црвено-црните“ во финишот на првиот дел водеа и со три голови разлика 13:10.

Во второто полувреме гостите од Унгарија повторно ја вратија резултатската неизвесност, но сепак во последните пет минути Вардар повторно поведе што се покажа како решавачки за конечен триумф.

Тимур Дибиров со 10 голови беше најефикасен на натпреварот, а Матјаж Брумен постигна 6.

Ова беше воедно деби за шпанскиот тренер Раул Гонзалес на клупата на Вардар. Унгарскиот првак е единствена екипа со максимални седум победи во Лигата на шампионите од истотолку натпревари.

Утре Веспрем игра со Металург во 19 часот во салата во населбата Автокоманда

31.01.2014 - 22:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега