Двајца загинати при пожар во студенски дом во Белгија
Двајца ирски студенти загинаа денеска во пожар што изби во студентски дом во Белгија. Засега причините за пожарот, што избил во двокатната зграда не се познати.
Настрадале две студентки на возраст од 22 и 19 години, соопшти Институтот Галвеј-Мејо, каде што тие студирале.
Уште двајца студенти успеале да побегнат од домот зафатен со пожарот, а пожарникарите спасиле шест студенти.
31.01.2014 - 19:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа