Евакуирани се 70 лица кои беа завеани кај Зрењанин

Евакуацијата на завеаните лица од делницата на патот Стајиќево-Перлез кај Зрењанин е при крај, а воени хеликоптери до болницата во Зрењанин префрлија околу 70 лица.

Портпаролот на Министерството Јован Кривокапиќ рече дека два воени хеликоптери од таа локација, во пет наврати, префрлиле околу 70 лица до болницата во Зрењанин.

Кривокапиќ додаде и дека на расчистување на сметот учествувале и пет инженерски возила и оти војската помагала и на други локации, а воениот хеликоптер „газела“ е користен за извидување.

Еден тенк за извлекување од патот Бачка Топола - Суботица отстранил товарно возило кое поради голомразицата се превртело на патот

31.01.2014 - 19:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега