Масовните протести во Украина биле претходно планирани

 

Според податоците кои ги објави Министерство за внатрешни работи на Украина масовните протести во земјата биле претходно испланирани и дека е предвидувано насилно сценарио.

Споре заменикот началник на Главниот истражен оддел Александар Гнатив во рамките на истрагата на полицијата се запленети неколку сервери, кои се покажало дека припаѓаат на опозициската партија „Баткившина“.

- Информациите кои се наоѓаат на еден од запленетите сервери и кои се однесуваат на работата на украинското здружение „Баткившина“, сведочат дека масовните протести почнати на 21 ноември минатата година во Киев не биле спонтани, туку внимателно планирани. Во материјалите со кои располага истражителот, постојат податоци дека при планирањето на овие протести биле предвидени насилни акции, изјави Гнатив на прес конференција.

Според Гнатев во запленетите материјали се зборува дека примената на сила врз демонстрантите ќе предизвика силен одек и ќе го поткопа авторитетот на органите на власт и претседателот на Украина.

Материјалите се испратени на експертиза за утврдување на позадината на акциите насочени кон насилна смена на уставниот ред и преземање на власта, нагласи заменикот началник на Главниот истражен оддел на украинското МВР.

31.01.2014 - 17:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа