Басеску: Нашата цел е влез на Романија во еврозоната вп 2018-2019
Претседателот на Романија Трајан Басеску изјави денеска во Берлин дека целта на Романија е да влезе во еврозоната во 2018-2019 година.
- Нашата цел е да влеземе во 2018-2019. Со сигурност критериумите од Маастрихт ќе бидат исполнети оваа година, изјави Басеску. Тој истакна дека станува збор за сите пет критериуми од Маастрихт, задолжителни за присоединување кон еврозоната.
Басеску неодамна изјави дека ќе поминат уште неколку години, пред Романија да ја усвои единствената европска валута.
- Тоа не значи дека присоединувањето кон еврото не е на дневниот ред на приоритетите на земјата, истакна Басеску и додаде дека само нивото на инфлација и долгорочните каматни проценти се уште ги надминуваат референтните вредности на критериумите од Маастрихт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа