Почина најстарото фламинго во светот

Во Зоолошката градина во австралиската Аделаида, почина 83-годишното фламинго, познато како „Голем“ (Greatier).

Птицата е успиена вчера, откако компликациите каратеристични за неговата возраст, му оневозможиле нормален живот. Фламинго во Зоолошката градина е донесен во 1930 година и познат е како најстар фламинго во светот. 

Вработената во Зоолошката градина, Елејн Бенстед, рече дека птицата почнала да се мачи со артритисот минатата година и неговата здравствена состојба почнала нагло да се влошува во последно време.

„Големиот“ добро реагирал на лековите и ја преживеа студената зима, но овие денови состојбата нагло се влошила и донесена е тешката одлука да се успие откако престанал да реагира на лековите.

- Иако за сите нас е голема загуба, тоа беше тоа исправна одлука, рече Бенстед.

31.01.2014 - 17:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега