Претседателот на Украина го потпиша законот за амнестија на демонстрантите

 

Претседателот на Украина Виктор Јанукович ги потпиша законот за амнестија за учесниците во антивладините протести.

Усвоениот на 29 јануари од Врховната рада закон беше изработен од претседателскиот претставник во парламентот Јуриј Мирошниченко и предвидува амнестија за сите учесници во масовните протести, со исклучок на сторителите на тешки кривични дела.

За законот да стапи во сила пред демонстрантите се поставени три предуслови, во рок од 15 дена да бидат ослободени сите окупирани од нив административни згради, да ја напуштата киевската улица „Грушевски“ и да ги отстранат барикадите на сите улици и патишта во Украина.

31.01.2014 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега