Поради Икс-Фактор Алекса Перовиќ попуштил со училиштето
Финалистот на музичкото шоу х- фактор Алекса Перовиќ со неверојатна брзина успеа да ги освои срцата на публиката. Од емисија во емисија овој млад талентиран финалист покажува зошто е меѓу популарните фаворити за победа на шоуто.
Големата популарност и неговиот сјаен глас баш и не му помогнале да ги реши проблемите кои ги има на училиште поради големиот број на изостаноци, па ќе мора до крајот на учебната година да научи дел од материјалот кој го пропуштил за да може да се запише на посакуваниот факултет.
"Обврските околу натпреварувањето ме одвоија од училиштето, но ќе надоместам бидејќи покрај пеењето желба ми е да завршам на факултетот за сообраќај. Мора да да положам неколку предмети и се надевам дека ќе успеам бидејќи ова што се случува беше моја желба и самиот го сакав тоа.
Ќе дојде време и за училиште, како што е сега време за Х-Фактор вели малиот шармер Алекса.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа