Вардарки го стартуваат четвртфиналниот поход во ЛШ против Турингер

Ракометарките на Вардар во недела ги продолжуваат мечевите во ЛШ, а како прв противник во главната фаза ќе застане германскиот тим Турингер. 

Во пресрет на дуелот од 1.коло од групата 1 во таборот на „црвено-црните“ очекуваат продолжување на успешните игри од првата фаза на ова натпреварување.

- Имавме доволно време да се подготвиме за дуелот со Турингер. Станува збор за квалитетен состав и се надевам дека публиката која ќе биде присутна во недела ќе проследи интересен натпревар и ќе се радува на наш триумф, изјави тренерот Индира Кастратовиќ на денешната прес-конференција.

Најдобрата ракометарка на светот за 2013 година и членка на македонскиот шампион Андреа Лекиќ за неделниот натпревар истакна дека добро ќе биде на почетокот од втората фаза на Лигата на шампионите да почнеме со победа.

- Тимот на Турингер игра брз ракомет и ќе мора пред се нив да ги забавиме. Добра околност е што сите сме здрави и очекувам полна сала, рече Лекиќ.

Натпреварот ЖРК Вардар СЦБТ – Турингер се игра в недела со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека утре во рамките на групата 1 играат Митјиланд и Савехоф.

Во групата 2 двата натпревара се играат утре, а двојките се: Ѓер – Будуќност и Крим – Ларвик. 

31.01.2014 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега