Кој го расплака Здравко Чолич?

 

Легендарниот Здравко Чолич беше дел од една хрватска радио-емисија каде го промовираше новиот албум, а во емисијата како неочекувани гости му се придружија и ѕвезди како кемал Монтено.

Освен што голем број ѕвезди како Антонија Шола, Маја Сар..се јавија и го пофалија Чолиќ, тој се расплака кога му се јави неговата учителка од Сараево, Фатима Делич.

- Многу се гордеам со тебе. Твоите родители и јас сакавме само едно. Да добиеш гитара, да свириш и да бидеш дел од музиката, изјавила таа.

Овој коментар предизвика солзи радосници во очите на познатиот пејач.

31.01.2014 - 14:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега