Несовесна мајка - На -8 степени ги оставила дечињата во автомобил и отишла на шминкер

 

Една несовесна мајка си ги оставила децата на - 8 степени во автомобилот и си отишла да се разубавува. 28- годишната Реџина Мари Колман во Валдорф, Минесота, ги оставила своите две дечиња во автомобилот на огромен студ, додека таа се шминкала во блискиот трговски центар.

Децата ја чекале речиси саат и пол да се врати мајката од шминкер, а  температурата надвор била минус 8 степени.

Девојчињата почнале да плачат, па минувачите повикале полиција. Полицајците ги пронашле девојчињата премрзнати, па веднаш ги ставиле во својот автомобил за да ги стоплат.

Мајката била обвинета за запоставување на своите две ќерки.

31.01.2014 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега