ВМРО-ДПМНЕ: Чиј е лксузниот џип што го вози Шеќеринска?

Радмила Шекеринска, за жал, од ден на ден се повеќе и повеќе се вовлекува во хаосот кој очигледно сама со години го создавала околу себе. Нејзините оправдувања на легитимните прашања поставени од нас, изгледаат хаотично, но и жално за еден политичар кој себе си милувал да се претстави во европско светло.

Три дена по ред да одбивате да дадете одговор на основни прашања е прекумерна дрскост и омаловажување на јавноста. Ние побаравме да кажете како е возможно да издавате сопствен стан за да живеете сами во него и да и објасните на јавноста како е можно да наплаќате по 5 317 евра месечно за кирија за стан кој не вреди повеќе од 800 евра. Вие одбивате да одговорите и со тоа само покажувате дека признавате дека сте фатени на дело во нереални финансиски односи кој вам ви создаваат екстра приход од 10 716 денари секој ден.

          Но, скандалозноста околу вашиот имотен лист продолжува и понатаму. Јавноста бара и многу други одговори.

          Во текот на вчерашниот ден на дел од медиумите беа покажани фотографии од луксузен и нов џип во кој вие често се возите. За волја на вистината тој џип често го гледаме на паркингот на Собранието. Сме виделе и дека го возите, но и дека понекогаш ве возат, госпоѓо Шекеринска.

          Госпоѓата Шекеринска вчера кажа дека не се возела со тој луксузен џип. Но не е така. За жал не ја кажа вистината.

          Ние се обидовме во вашиот анкетен лист да пронајдеме информации за тоа каков џип имате пријавено и од кога е тој џип пријавен во вашиот анкетен лист. Но таму не најдовме ништо. Ниту овој џип, ниту било кое друго возило. Вие не сте пријавиле возила на Ваше име или на име на некој член на Вашето семејство.

          Затоа, без да претпоставуваме и да погодуваме, денес, повтрно Ве замолуваме, да се појавите и да и соопштите на јавноста чиј е лускузниот џип во кој Вие често се возите. Еве ви шанса сама да кажете.

 

          Овие прашања немаат за цел ниту да ја навредат госпоѓата Шекеринска, ниту  да наштетат на нејзиното семејство. Но почитувани, оваа држава има закони и се обидува да наметне принципи на транспарентност на приходите на политичарите. Тоа е минимум обврска која ја иа и госпоѓата Шекеринска ако сака себе си да се претставува за европски политичар.

(Интегрален текст од прес конференција на Светлана Јакимовска, ВМРО-ДПМНЕ)

31.01.2014 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега