Јанкулоска ќе го отвори центарот за полициска соработка на Македонија и Албанија
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со нејзиниот албански колега Фламур Нока, утре во 10 часот на граничниот премин “Ќафасан“ ќе го пуштат во употреба заедничкиот контакт центар за полициска соработка меѓу полициите на двете земји.
Истовремено ќе биде потпишан и Меморандум за соработка меѓу Секторите за внатрешна контрола на двете министерства, а по заедничката изјава на двајцата министри тие ќе се упатат кон локалниот граничен премин Џепиште –Требеишта каде во 11:20 часот официјално ќе биде пуштен во работа од страна на министрите Јанкулоска и Нока.