Укинат куќниот притвор на обвинетиот за пожарот во Пошта - Фазлиу ќе се брани од слобода

Арменд Фазлиу, обвинетиот за предизвикување на пожарот во зградата на „Македонски пошти“ кој избувна лани во јануари, ќе се брани од слобода, јавува Дневник. Откако утврдил дека и со поблага мерка може да се обезбеди неговото присуство, Кривичниот суд во Скопје го ослободил Фазлиу од куќен притвор, му ја одзел патната исправа и му наложил да се јавува во судот два пати неделно.

Шефот на кабинетот на генералниот директор на „Македонска пошта“ одговара за тешко кривично дело против општата сигурност. Вештачењето покажало дека пожарот избувнал во неговата канцеларија, од вжарено тело, најверојатно цигара. Фазлиу на првото судење кое се одржа минатата недела тврдеше дека е невин. Следниот претрес е закажан за 7. Февруари.

 

Штетата од пожарот кој избувна лани во јануари, се проценува на околу 100.000 евра.

31.01.2014 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа