Штипјанец убиен во својот стан

 

Четириесет и шестгодишниот Столе М. е убиен во неговиот стан во штипската населба „8 Ноември“.

Портпаролот на СВР Штип, Зоран Зафиров денеска соопшти дека телото на Столе М. е пронајдено вчера попладне во неговиот стан од страна на неговиот татко.

Зафиров рече дека на лице место излезени се истражен судија и јавен обвинител, а обдукцијата врз телото покажала дека станува збор за насилна смрт.

Повеќе детали околу убиството надлежните велат дека ќе соопштат во попладневните часови. 

најчитано сега